Албинен, идилично село кое се наоѓа на 1.300 метри надморска висина во швајцарските Алпи, нуди примамлива финансиска помош за да привлече нови жители. Локалните власти одлучија да го спречат демографскиот пад и нуди субвенција од 25.000 швајцарски франци за секое возрасно лице помладо од 45 години, 50.000 франци за парови и дополнителни 10.000 франци за секое дете.
Условите за стекнување на овие бенефиции се: новите жители мораат да купат или изградат имот во вредност од најмалку 200.000 франци, да се обврзат дека ќе живеат во селото најмалку десет години и потенцијалните жители да стекнат швајцарско државјанство.
Албинен се наоѓа во жипописната долина на Рона, во близина на популарни скијачки патеки и термални извори, пренесува „Блиц“.
фото freepic







