Според последните високофреквентни индикатори и досега расположливите податоци, предвидуваме раст на бруто-домашниот производ меѓу 1,5 % и 3,5 % во четвртиот квартал од 2024 година, движен пред сè од растот кај градежниот сектор и услугите, при истовремен пад на индустриското производство. Инфлацијата забележува умерено забрзување при што монетарната цел за инфлација блиску до 2 % сè уште не е достигната.
Проекцијата се должи на следниве економски движења во четвртиот квартал од 2024 година:






