ПроКредит Банка преку проектот ПроКредит бизнис академија овозможува нефинансиска поддршка на локалните бизниси преку бесплатна професионална едукација за сопствениците/управителите на мали и микро претпријатија коишто имаат амбиција за раст и развој.
Академијата ќе се реализира во периодот април – октомври 2025 година преку пет модули, а секој модул ќе трае еден работен ден во месецот.
Учеството на Бизнис академијата е без финансиски надомест, како дел од континуираната инвестиција на ПроКредит Банка за градење вештини и капацитети кај локалните претприемачи.
Сите заинтересирани можат да аплицираат до 30 март 2025, а потоа во процесот на селекција ќе се одберат 90 учесници кои ќе се приклучат на првата ПроКредит бизнис академија.
Учесниците на академијата добиваат: пристап до интерактивни работилници предводени од искусни професионалци; вмрежување и консултантска поддршка на компаниите да воспостават плодна комуникација и размена на знаења со други сопственици на мали бизниси, како потенцијал за стекнување нови партнерства, соработки и нови можности; како и дополнителна финансиска едукација за управување со тековните средства и за правење на стратегии за инвестирање.
Модулите ќе се одржат во просториите на Управната зграда на ПроКредит Банка во Скопје. По завршувањето на академијата сите учесници ќе добијат сертификат.
Модул 1 Интерно претприемништво
Модул 2 Комуникациски вештини и “Growth mindset”
Модул 3 Разбирање на финансиски концепти
Модул 4 Дигитална трансформација
Модул 5 Продажба за мали бизниси







