Стапката на невработеност во државава во четвртиот квартал лани изнесува 11,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Според ДЗС, стапката на активност во овој период е 52,5, а стапката на вработеност 46,2.
Во четвртото тримесечје од 2024 година, активното население во државава изнесува 795 321 лице, од кои вработени се 700 526, а 94 795 лица се невработени.
За споредба во вториот квартал 2024 година, според податоците објавени на ДЗС, бројот на вработените изнесувал 691736, а бројот на невработени изнесувал 98416. Бројот на активно населени во вториот квартал изнесувал 790 152 лица.
фото freepic





