Годишната стапка на инфлација во еврозоната беше 2,3 отсто во февруари, наспроти 2,5 отсто во јануари годинава. Во Европската Унија, годишната инфлација во февруари изнесуваше 2,7 отсто, што е за 0,1 отсто помалку од претходниот месец.
Најниски годишни стапки се регистрирани во Франција (0,9 отсто), Ирска (1,4) и Финска (1,5 отсто). Највисоки годишни стапки се забележани во Унгарија (5,7 отсто), Романија (5,2 отсто) и Естонија (5,1 отсто).
Во февруари 2025 година, најголем придонес за инфлацијата во еврозоната имаат услугите (+1,66 процентни поени, п.п.), потоа храната, алкохолот и тутунот (+0,52 п.п.), неенергетските индустриски стоки (+0,14 п.п.) и енергијата (+0,01 п.п.).
фото freepic







