Во Хрватска во февруари годинава имало 1,69 милиони вработени лица, нешто помалку од претходниот месец, додека во однос на февруари лани бројот на вработени е зголемен за 2,1 отсто или 59,5 илјади, покажуваат податоците на Централниот завод за статистика.
Во февруари годинава во Хрватска имало 1.693.752 вработени лица, што е за 229 помалку од претходниот месец. На годишна основа, вкупниот број на вработени е зголемен за 59.537 или 2,1 отсто.
На крајот на февруари во евиденцијата имало 96.313 невработени, што е за 1.028 лица или за 1,1 отсто помалку од претходниот месец и за 17,3 отсто помалку од февруари минатата година. Регистрираната стапка на невработеност во февруари изнесува 5,4 отсто, пренесува Индекс.
фото freepic






