Стандардот на граѓаните на Велика Британија ќе се намали до 2030 година, двојно побрзо за оние со најниски примања отколку за Британците со средни и повисоки примања, покажуваат најновите податоци од анализата на фондацијата Џозеф Роунтри (JRF).
Граѓаните на Велика Британија се загрижени за планот на актуелната влада да заштеди околу 5 милијарди фунти со намалување на јавната потрошувачка, вклучително и со скратрување на бенефиции за попреченост. Во исто време, британската канцеларија за буџет (ОБР) се очекува да објави пад на очекуваната стапка на раст за оваа година од 2 на 1 процент. Фондацијата JRF во својата анализа наведе дека просечното семејство ќе има помал годишен приход од 1.400 фунти до 2030 година, што е пад на приходот за три отсто.
Семејствата со најниски примања ќе имаат 900 фунти помалку годишно, што е намалување од 6 отсто.
Во студијата се заклучува дека трошоците за домување и падот на реалните приходи најмногу ќе го погодат населението со најниски приходи, пренесува Б92.
фото freepic





