Во современиот свет, технологијата игра клучна улога во обликувањето на нашиот начин на живот. Екосистемот Samsung Galaxy не само што овозможува поефикасно извршување на секојдневните задачи, туку може да биде и важен мотив за физичка активност и континуирана грижа за физичкото и менатлно здравје. Со паметните уреди како Galaxy Z Flip6, Galaxy Z Fold6, Galaxy Watch7 и Galaxy Buds3 Pro, постигнувањето на целите за активен живот сега е полесно од кога било.
Galaxy Watch7 – мотивација и следење на напредокот од вашиот зглоб

Еден од најголемите предизвици конечно да започнете со дисциплинаро вежбање е мотивацијата и следењето на напредокот. Galaxy Watch7 доаѓа со напредни сензори кои го мерат пулсот, крвниот притисок и составот на телото. Благодарение на персонализираните зони на отчукувањата на срцето и прецизниот ГПС со двојна фреквенција L1+L5, секој корисник може да го прилагоди својот тренинг на потребите и да го следи својот напредок во реално време. Батеријата што трае до 30 часа, овозможува непречено користење во текот на денот, без оглед на интензитетот на вашата активност.
Паметно планирање и мотивација со Galaxy Z Flip6 и Galaxy Z Fold6

Galaxy Z Flip6 и Galaxy Z Fold6 нудат моќни функции кои ќе ви помогнат да ги организирате вашите тренинзи. Со користење на календари, потсетници и фитнес апликации, можете лесно да поставувате цели и да го следите вашиот напредок. Z Fold6, со својот голем екран од 7,6 инчи, ви овозможува најдобар приказ на видео вежби кои можете да ги следите за вашите активни сесии и тренинзи, додека Z Flip6 ќе ви го олесни брзото проверување на вашата листа со задачи благодарение на надворешниот екран.
Galaxy Buds3 Pro – слушалки што го подобруваат вашиот тренинг


Музиката е секогаш еден од најсилните мотиватори за време на вежбањето. Слушалките Galaxy Buds3 Pro, со активно поништување на шум и адаптивен звук, ви овозможува целосно да се фокусирате на вежбите или тренингот. Без разлика дали трчате, возите велосипед или кревате тегови, овие слушалки обезбедуваат врвен звук и непречено префрлување помеѓу песни и повици.
Синергија која инспирира
Со целосно поврзување во рамките на екосистемот Galaxy, вашите податоци за и од вашите тренинзи, вежби или било која физичка активност, може да се синхронизираат помеѓу уредите, што ќе ви овозможи да ги следите вашите резултати и да го анализирате вашиот напредок. Апликацијата SmartThings исто така ви овозможува да ги контролирате паметните уреди и апарати од вашиот мобилен телефон, како рерната, машините за перење, и садови и алишта, фрижидерот, климата…
Никогаш досега не било толку лесно да се биде доследен и дисциплиниран во вежбањето и тренинзите, благодарение токму на модерните уреди како Galaxy Z Flip6, Galaxy Z Fold6, Galaxy Watch7 и Galaxy Buds3 Pro, но и да се остане мотивиран за активен живот и во иднина. Овие уреди ја прават физичката активност интересна, прилагодена на вашите потреби и достапна во секое време. Искористете ја моќта на модерната технологија и направете го првиот чекор кон поздрав и поактивен животен стил.







