Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека во следните три месеци ќе го реши воведувањето на американските царини, но појасни дека тарифите се пресметани по „чудна формула“.
– Имаме различни бројки бидејќи работиме според Евростат, а тие имаат некоја американска евиденција која е многу чудна. Тие го пресметуваат нивото на стоковната размена и велат дека ако Србија има вишок од 600 милиони, тие 600 милиони се делат со вкупната трговска размена, што е над 800 милиони. Чудно е од многу причини. За луѓето да не се грижат и ќе го решиме тоа, изјави Александар Вучиќ, пренесува Данас.
фото freepic







