Tарифите на Трамп може да го доведат светот во „економска нуклеарна зима“, предупредува менаџерот на хеџ фондот Бил Акман, кој повика на 90-дневна пауза на царините. Акман, кој е еден од најистакнатите поддржувачи на Трамп, во својата објава на социјалните мрежи, напиша дека претседателот ја губи довербата на деловните лидери. Според Форбс, имотот на Акман е во вредност од 9,1 милијарди долари.
„Земјата е 100% зад претседателот во воспоставувањето на глобален тарифен систем кој ја стави земјата во неповолна положба. Но, бизнисот е игра на доверба. Претседателот Доналд Трамп го издигна прашањето за тарифите на најважното геополитичко прашање во светот и го привлече вниманието на сите.
И да, другите нации ја искористија предноста на САД со заштита на нивните домашни индустрии на сметка на милиони наши работни места и економски раст во нашата земја.Но, со наметнување масивни и непропорционални тарифи на нашите пријатели и на нашите непријатели, и со водење глобална економска војна против целиот свет, ние сме во процес на уништување на довербата во нашата земја како трговски партнер, како место за водење бизнис и како пазар за капитални инвестиции“, напиша Акман, пренесува Н1.
фото freepic






