Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, изјави дека се повеќе земји во светот сакаат да склучат трговски договори со ЕУ, наведувајќи дека ова е „позитивен несакан ефект“ откако американскиот претседател Доналд Трамп ги зголеми царините за стоки увезени во САД.
Фон дер Лајен за германскиот весник „Цајт“ изјави дека „Европа е целосно свесна“ за можностите за „нов светски поредок“.
„Моментално водам голем број разговори со шефови на држави и влади од целиот свет кои сакаат да соработуваат со нас на новиот поредок“, рече фон дер Лајен.
Таа истакна дека не станува збор само за економски врски, туку и за воспоставување заеднички правила и предвидливост.
„Сега мора да го искористиме овој моментум за да отвориме нови пазари за нашите компании и да воспоставиме што е можно поблиски односи со многу земји кои имаат исти интереси како нас“, рече фон дер Лајен,
објави „Политико“.
фото freepic






