ОПЕК+ ЌЕ ГО ЗГОЛЕМИ ПРОИЗВОДСТВОТО НА НАФТА ОД ЈУНИ

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК+) се согласи на уште едно зголемување на производството на нафта следниот месец, што претставува зголемување на понудата втор месец по ред, објави „Блумберг“.

Клучните земји предводени од Саудиска Арабија и Русија се согласија да го зголемат дневното производство за 411.000 барели од следниот месец, изјавија неименувани делегати.

Делегатите на ОПЕК+ рекоа дека промената во стратегијата се случила затоа што Ријад одлучил „финансиски да ги казни“ членовите како Казахстан и Ирак, бидејќи нивното прекумерно производство на нафта предизвикало пад на цените.

Ријад се стреми да ги зајакне врските со американскиот претседател Доналд Трамп, кој ќе го посети Блискиот Исток овој месец и ја повика Организацијата на земјите извознички на нафта да ги намали трошоците за гориво.

На лондонскиот пазар цените на нафтата се движи близу 61 долар, пренесува Политика.

Повеќе од истиот автор

Најчитано