Владата на Велика Британија одлучи да ја намали минималната возраст за машиновозачите од 20 на 18 години поради недостаток на работна сила, објави Министерството за транспорт (DfT).
Одлуката е донесена поради податоците што покажуваат дека 87 отсто од откажувањата на возењата е поради недостаток на машиновозачи.
Моменталната минимална возраст за влез во железничкиот сектор е 20 години, но просечната возраст на британските машиновозачи е 48 години, а дури 30 проценти од возачите се очекува да се пензионираат до 2029 година, пренесува Политика.






