НЕФУНКЦИОНАЛНИТЕ КРЕДИТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ПРОБЛЕМ ИЛИ НЕ?

Годината што измина беше година на солиден економски раст. Македонската економија во првите три квартали од 2014 година забележа стапка на раст од 3,9%. Остварувањата претставуваат продолжување на трендот на раст на економијата од 2013 година кога економијата забележа стапка на раст од 2,7%. Растот на економијата во 2014 година, пред сѐ, беше воден од активностите на странските компании во економските зони, што веќе учествуваат со 35% во вкупниот извоз и во фискалниот стимул олицетворен во јавните инвестиции во инфраструктурата. Во согласност со последните проекции на НБРМ, економијата се очекува да продолжи да расте и во текот на оваа и на идната година со стапки од 4,1% и 4,5% респективно. И покрај ризиците поврзани со странската ефективна побарувачка, НБРМ проекциите за растот на економијата ги темели на ефектите од странските и од јавните инвестиции, и како на проекциите за растот на домашната побарувачка, пред сѐ, воден од позитивните промени на пазарот на трудот и зголемувањето на вработеноста.

Прочитајте повеќе во печатеното издание

Најчитано