Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го забрза процесот на издавање дозволи за 10 нови рударски проекти низ САД, давајќи им таканаречен статус FAST-41, што овозможува побрзи и потранспарентни процедури за одобрување.
Овој потег е дел од поширока стратегија за зголемување на домашното производство на клучни суровини како што се литиум, бакар, антимон и ретки земни елементи, кои се клучни за националната безбедност, производството, чистата енергија и индустријата за батерии.
На листата се наоѓаат, како што објави Ројтерс, проектите на реномирани компании за експлоатација на антимон и злато на компанијата во Ајдахо, рудникот за бакар во Аризона во сопственост на компанијата, проектот за сребро и бакар на компанијата во Монтана, како и проширувањето на рудникот за литиум на компанијата во Невада.
Одобреми се нови проекти во Арканзас, Алабама и Аризона.
Белата куќа истакнува дека забрзувањето на дозволите не значи заобиколување на правилата, туку поефикасна и поодговорна администрација, пренесува Еуроњуз.
фото freepic





