Европската комисија го поздрави денешниот влез на Србија во Единствената европска платна зона (SEPA), што се случи по позитивната одлука на Европскиот совет за плаќања (EPC).
Ова е практичен пример за влијанието на Планот за раст за Западен Балкан, иницијатива на Европската Унија за забрзување на социо-економската интеграција на Западен Балкан и неговите граѓани во ЕУ, вклучително и преку постепен пристап до одредени области од единствениот пазар на ЕУ врз основа на усогласување со законодавството на ЕУ, се вели во соопштението на Европската комисија.
Од денес, Србија официјално е дел од СЕПА , беше наведено претходно во заедничката изјава на Народната банка на Србија и ЕПС.
Србија стана 41-ва членка во СЕПА , што претставува важен чекор на нејзиниот пат кон европска интеграција.
НБС презеде чекори за хармонизирање на своите системи и прописи за плаќање со стандардите на Европската Унија, пренесуваат српските медиуми.
фото freepic







