ЦАРИНИТЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАМП НИЗ ПРИЗМАТА НА КРИВАТА НА ПРИНОС НА АМЕРИКАНСКИОТ ПАЗАР НА ОБВРЗНИЦИ

Првичниот макроекономски ефект на царините на претседателот Трамп врз економијата на САД е појавата на ризикот од стагфлација на економскиот хоризонт. Стагнацијата би дошла како резултат на зголемени трошоци на бизнисите (поради поскапените увозни инпути или поради недоволна понуда на супститути од домашни извори), односно, генерално, поради неизвесноста предизвикана од фундаменталната деконструкција на меѓународниот трговски систем. Инфлацијата би дошла како резултат на вградувањето на царините како индиректен данок во продажните цени.
Во современите макрофинансии, една алатка за анализа и за предвидување на економскиот (бизнис) циклус и инфлацијата и нивната меѓусебна поврзаност претставува т.н. крива на приносот (yield curve). Кривата на принос е графикон кој ја претставува рочната структура на пазарните приноси на пазарот на државни обврзници. Вообичена ситуација е кривата на принос да е растечка крива, што значи дека обврзниците со подолги рокови на достасување имаат повисоки стапки на принос (yields).
Но, во ретки и исклучителни макроекономски ситуации може да дојде до инверзија на кривата на принос – тоа значи обврзниците со пократки рокови на достасување да носат повисоки приноси од обврзниците со подолги рокови. За професионалните финансиски аналитичари, инвертирањето на кривата на принос може да биде еден од сигналите дека економијата на краток до среден рок може да западне во рецесија.
Кривата на приносот на државните хартии од вредност на САД е структура составена од три сегменти: краткорочен, среднорочен и долгорочен сегмент. Краткорочниот сегмент е поврзан со позицијата на монетарната политика бидејќи приносите на краткорочните државни хартии од вредност се под доминантно влијание на референтните стапки на централната банка. Среднорочниот сегмент е поврзан со фазата на деловниот циклус и со очекувањата за економскиот раст на среден рок. Кога нивото на економска активност опаѓа, каматно-сензитивната побарувачка опаѓа, па среднорочните каматни стапки и приноси опаѓаат така што може да дојде до инверзија кај среднорочниот сегмент на кривата на приносот. Долгорочниот сегмент е поврзан со очекувањата за инфлацијата на долг рок. Ако во економијата дејствуваат фактори кои генерираат долгорочно притисок за пораст на цените, очекувањата на инвеститорите за инфлацијата на долг рок се ревидираат нагоре и долгорочните приноси растат.
Во контекст на ваквата интерпретација на кривата на приносот може да се разгледуваат и промените во кривата на принос на американските државни хартии од вредност во деновите кога се случуваа објавите за воведувањето на царините. Овде се презентирани три графикони кои ја покажуваат формата на американската крива на приносот на три датуми важни за „царинската драма“.

Кои се главните цели на ТАВ Македонија за оваа година, како очекувате да ја завршите годината од аспект на број на патници?

Н. Курт: Секогаш кога поставуваме цели претходно ги анализираме од повеќе агли, но сепак најбитни ни се два аспекта − вработените и клиентите − верижен систем кој, за нас, не може еден без друг. Клиентите, пак, ги делиме на две главни групи – авиокомпании и патници.
Нашите постојани вложувања и надградувања придонесоа низ годините да имаме среќни и задоволни патници, задоволни авиокомпании кои прераснаа во наши постојани партнери и мотивирани вработени.
Нашата главна цел е исполнување на проекциите за бројот на патниците, потоа проширување и отворање нови авиолинии, привлекување нови авиокомпании на наше тло, а со тоа и поврзување со што повеќе дестинации кои ќе бидат нови можности за патниците.
Моето очекување е зголемувањето на бројот на патници да остане константно, а сепак да се заснова на долгорочни модели на раст.
За нас од големо значење е и поддршката што ја добиваме од Владата, особено од Министерството за транспорт. Во оваа насока сакам да споменам дека и ние како ТАВ Македонија имаме програма за стимулирање на нови авиолинии и на нови авиокомпании, нешто што ни овозможува да сме поконкурентни во регионот, а со тоа да се исполнат и компаниските цели од аспект на приходи. Со тоа компанијата ќе има основ за нови инвестиции и имплементација на нови проекти во 2026 година, секако, држејќи ги вработените задоволни и мотивирани.

Какви новитети подготвувате? Што е следно?

Н. Курт: Во овој момент паралелно работиме на различни проекти, за двата аеродрома, и во Скопје и во Охрид. За охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ ја финализираме подготвителната фаза за реновирањето на терминалната зграда за патници каде што, согласно договорот со Владата, инвестираме 2,7 милиони евра.
На Меѓународниот аеродром Скопје, пак, се подготвуваме за проширување на делот од терминалот пред пасошката и безбедносната контрола и поставување нови рендген машини за безбедносна проверка, проекти кои ќе придонесат за побрз проток на патници во кое било време од денот. Веќе инвестиравме во нови електрични возила за нашите операции на аеродромската платформа.
Она што посебно ме прави среќен е што сме групација која постојано вложува во проекти за одржливост на животната средина. Како резултат на воведување на низа мерки во делот на управувањето со емисиите на штетни гасови во секојдневните процеси на Меѓународниот аеродром Скопје, ТАВ Македонија го доби статусот „ниво 2“ во Програмата за акредитација за намалување на емисии на штетни гасови.

Како што споменавте и самиот, ТАВ Македонија е концесионер, односно партнер со Владата. Со управувањето со скопскиот и со охридскиот аеродром почнавте во 2010 година. Уште колку години концесија ви остануваат и дали како меѓународна групација, односно странски инвеститор во земјава планирате и понатаму да работите на македонскиот пазар?

Н. Курт: Нашата концесија истекува за 7 години. Со оглед на тоа што ние сме многу сериозни во намерата да ја продолжиме нашата работа тука како странски инвеститор, сакам да напоменам дека нашите амбициозни намери ги преточивме во еден опсежен главен план за потребите на Владата и на Министерството за транспорт.
Она што ми дава голем мотив за во иднина е фактот што секогаш го споделувам со задоволство, односно дека сите обврски кои ги имавме согласно договорот за концесија ги остваривме, иако беа во голем број. Ќе продолжиме да работиме со исто темпо сè до истекот на концесискиот договор.
Во оваа насока сакам да истакнам дека сум многу среќен што имаме слични перспективи со моменталната влада бидејќи развојот на аеродромите во главните градови и во околината придонесува за економскиот раст на државата. А ние сметам дека многу придонесуваме за економијата во земјава.

Што е идејата на тој главен план и која е неговата цел?

Н. Курт: Главниот план е опсежен документ подготвуван со поддршка од мнозинскиот сопственик на ТАВ Аеродроми, тоа е француската групација АДП, кој опфаќа цели за развој на двата македонски аеродроми на долг рок. Целта е дополнително да се развие авиоиндустријата во Македонија и двата аеродрома да бидат регионални авијациски центри конкурентни во поширокиот регион.

За крај, какво е вашето лично чувство од позиција на генерален директор на компанијата во деновите кога го прославувате 15-годишниот јубилеј? Дали двата аеродрома за вас се само аеродроми низ кои луѓето секојдневно патуваат или вие имате поинаква перспектива?

Н. Курт: За мене е голема чест што ја водам ТАВ Македонија како аеродромски оператор кој годинава одбележува 15 години работа. На позицијата генерален директор дојдов пред две години, но во Македонија и во менаџментот на компанијата сум од самиот влез на ТАВ Аеродроми на македонскиот пазар, односно од почетокот на концесијата. Заедно со сите вработени, во Скопје и во Охрид, преживеавме многу предизвици во бизнисот изминативе 15 години. Од периодот на брзорастечкиот број на патници меѓу 2014 и 2020 година, до ковид кризата која силно нè погоди (но, и покрај тоа ние не отпуштивме ниеден вработен додека сите аеродроми во светот соочени со драматичен пад на операциите го правеа тоа), па сè до повторното „издигнување од пепелта како феникс“ и враќањето на порастот на патниците и отворањето нови дестинации што ни се случува повторно деновиве. Сите подеми и падови, глобални трендови во авијацијата и локалната економија, замислете ги испреплетени во комплексниот синџир на функционирање на еден аеродром и френетичното темпо на работа секој ден, 24 часа на ден, 365 дена во годината. Нашите аеродроми постојано работат, „запченикот“ постојано се врти, а ние се грижиме тој „запченик“ да не за’рѓа, односно процесот да не запре за авиокомпаниите и патниците да се опслужени и да се задоволни 24/7. Тоа е навистина многу тешко и само оние кои навистина ја сакаат оваа работа можат да опстојат долги години во бизнисот.
За мене, а верувам и за многу од моите колеги кои се долги години дел од тимот на ТАВ Македонија, двата македонски аеродроми не се само воздушни пристаништа туку тие се и места на многу емоции.
Патниците ги носат емоциите со себе, патувајќи секојдневно, а ние ги впиваме од зад сцената, без разлика какви се, радосни или тажни. Токму ова ги обојува аеродромите, ги прави места со душа.
Овие 15 години работа ќе ги заокружиме со еден голем гала-настан каде што сите кои придонеле да сме тука кај што сме ќе ги собереме на едно место, заедно да се радуваме на нашите успеси.
Истовремено, во знак на благодарност до сите вработени, организираме два интерни настани во Скопје и во Охрид каде што ќе имаме можност заедно да прославиме и да уживаме.
Овој голем јубилеј ќе го затвориме со инспиративни рекламни кампањи кои ќе бидат порака до сите некогашни, сегашни и идни наши клиенти.



Разговараше: Митко Јовановски

Повеќе од истиот автор

Најчитано