Во 2024 година деловните субјекти извршиле градежни работи во вредност од 39 827 830 илјади денари, објави Државниот завод за статистика.
Во текот на 2024 година се градени вкупно 2 641 објект и завршени се вкупно 5 405 станови со вкупна површина од 348 720 м2, од кои 5 255 се во индивидуална сопственост.
Главни поенти
Во 2024 година: завршени се 5 405 станови, чија просечна корисна површина е 64.5 м2 – најмногу се градело во Скопскиот Регион
Во 2024 година индивидуалните сопственици извршиле градежни работи во вредност од 14 372 406 илјади денари.
Во текот на година се градени вкупно 1 978 објекти и завршени се вкупно 2 512 станови со вкупна површина од 296 537 м2, од кои 152 се станови во викенд-куќи со вкупна површина од 12 879 м2.
Главни поенти
Во 2024 година:
- Завршени се 2 512 станови, а просечната корисна површина е 118.1 м2
- Најмногу се градеше во Полошкиот Регион





