Индустриското производство за пет месеци пораснало за 3 отсто, висок раст во мај

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – мај 2025 година, во однос на периодот јануари – мај 2024 година, изнесува 103,3, објави Државниот завод за статистика.

Индустриското производство во мај 2025 година е зголемено за 9,4 % во однос на мај 2024 година.

Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2025 година, во однос на мај 2024 година, бележи пораст од 18,8 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 9,0 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 11,8 %.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: производство на прехранбени производи, пијалаци, текстил …
Според главните индустриски групи, производството во мај 2025 година, во однос на мај 2024 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13,7 %, Капитални производи за 13,5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,6 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 8,0 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 9,0 %.

Главни поенти

Мај 2025 година во однос на мај 2024 година

  • Производство на електрична опрема: +31,2 %
  • Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место: +18,4 %
  • Производство на моторни возила, приколки и полуприколки: +21,8 %

Повеќе од истиот автор

Најчитано