ВО ПОЛОШКИОТ РЕГИОН НАЈМНОГУ СЕ ГРАДИ, во мај за 80,4 отсто зголемен број на одобренија за градби

Во мај 2025 година се издадени 469 одобренија за градење, што е за 80,4 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7 868 401 илјада денари, што е за 34,1 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 255 (54,4 %) се наменети за објекти од високоградба, 104 (22.2 %) за објекти од нискоградба и 110 (23,5 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 469 објекти, на 232 (49,5 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 237 (50,5 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 1 037 станови со вкупна корисна површина од 90 813 м2.

Главни поенти

Во мај 2025 година:

  • Најмногу одобренија за градење, 255, се издадени за високоградба
  • Во Полошкиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 146
  • За изградба се предвидени 1 037 станови

Повеќе од истиот автор

Најчитано