УХМР: Утре попладне со нестабилно време!

Локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер за утре попладне прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи. Како што соопшти, наместа процесите ќе бидат поинтензивни.

Во следните два дена (среда и четврток), ќе преовладува сончево и многу топло време и максимална температура до 39 степени, со мала до умерена локална облачност.

– Поради брз продор на посвежа воздушна маса од север, во петок времето ќе биде променливо облачно, малку посвежо и ветровито со услови за локален дожд. Во деновите од викендот ќе биде стабилно со пораст на дневната температура, информираат од УХМР.

Повеќе од истиот автор

Најчитано