Гувернерот на Народна банка Трајко Славески, денеска ќе оствари средба со раководството на Стопанската комора предводена од претседателот Бранко Азески.
Како што информираат од Стопанската комора, ова ќе биде прва средба на Славески со претставниците на најстарата и најбројна бизнис асоцијација, откако тој беше назначен за гувернер на Народната банка. Централна тема на разговорот, велат, ќе бидат макроекономските политики во функција на развојот на македонската економија.






