До крајот на септември зонско паркирање во Ново Лисиче и Реонски центар

За два месеца и најдоцна до крајот на септември ќе биде воведено зонско паркирање во населбата Ново Лисиче и во Реонски центар. Градоначалникот на Аеродром Дејан Митевски рече дека Општината е во координација со ЈП Градски паркинг Скопје, кое го управува зонското паркирање во главниот град, и дека за проектот чека одобрение од Град Скопје и МВР.

– Општината изготви проект и чека одобрување од Град Скопје и Министерството за внатрешни работи, веќе сме во координација со ЈП Градски паркинг, спремни се веднаш да почнат со бележење и поставување информативни табли. Очекувам дека во наредниот месец до два, најдоцна до крајот на септември, да отпочне да функционира зонско паркирање во Ново Лисиче и во Реонски центар, изјави Митевски одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата по повод изградба на мултифункционален центар во Ново Лисиче.


Извор/фото МИА

Повеќе од истиот автор

Најчитано