Апликациите базирани на вештачка интелигенција ги дуплираа приходите

Апликациите базирани на генеративна вештачка интелигенција стануваат се попопуларни и доживуваат силен раст и во однос на преземањата и во однос на приходите, според истражувањето објавено од аналитичката компанија Sensor Tower.

Во текот на првата половина од 2025 година, тие апликации беа преземени 1,7 милијарди пати, генерирајќи 1,87 милијарди долари приходи – двојно повеќе отколку во втората половина од 2024 година, објавува TechCrunch.

Корисниците поминале 15,6 милијарди часови на споменатите апликации во првата половина од годината, распоредени во дури 426 милијарди сесии, пренесе МИА.


фото freepic

Повеќе од истиот автор

Најчитано