Во соопштенија доставени до Македонската берза од двете компании информираат дека се стекнале со нови обични акции издадени од Македонијатурист АД.
Имено, компанијата М.Г. Фешн купи дополнителни 900 акции и сега поседува 52.811 акции, односно 11,68% од вкупниот број обични акции издадени од Македонијатурист АД, додека Чезакомерц купи купи дополнителни 988 акции и сега поседува 29.998 акции односно 6,63% од вкупниот број обични акции издадени од Македонијатурист АД.






