Вредноста на годишната плата за извршните директори на компаниите од FTSE 100 достигна рекордно високо ниво трета година по ред. Просечната плата на извршниот директор во 100-те најголеми компании со кои се тргува на Лондонската берза е 4,6 милиони фунти (6,2 милиони долари), покажува истражувањето на High Pay Centre.
Просечната плата на извршниот директор сега е 122 пати поголема од онаа што ја заработува просечниот вработен со полно работно време во Велика Британија.
„Овие бројки ќе поттикнат растечко чувство дека работниците со ниски и средни приходи не го добиваат својот фер дел од профитот што се создава од нивната работа“, рече Лук Хилдијард, директор на High Pay Centre, пренесува Бизнис.рс.
фото freepic






