Предуниверзитетскиот образовен систем во Албанија доживува силен пад на бројот на учениците бидејќи според податоците од Институтот за статистика (ИНСТАТ) покажуваат дека во минатата учебна, 2024/25 година, имало над 11.000 ученици помалку, споредено со претходната учебна година.
Најзначајно намалување е забележано во основното образование, каде имало околу 7.000 ученици помалку, додека во средните училишта бројот бил помал.
– Главна причина е масовната миграција на младата популација, како и тенденцијата на младите брачни парови да имаат по едно дете. Тоа се согледува и во намалениот процент на наталитет, објавија медиумите.
Загрижувачки се мерките преземени од надлежните, за спојување на 9-годишните со средните училишта, поради намалувањето на бројот на ученици, што предизвикува затворање на образовните институции, главно во руралните средини.
Медиумите оценуваат дека затворањето на едно училиште и еден здравствен дом или амбуланта има големо влијание за исчезнувањето на таа заедница, зашто и тие што се уште живеат во овие средини одлучуваат да ги напуштат и да мигрираат во градовите.
Извор/фото МИА







