Посетителите на „Тиквешки гроздобер“ покрај бесплатен паркинг ќе добијат и грозје, информираа попладнево од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
– Во тек се подготовките за „Тиквешки Гроздобер 2025“. По иницијатива на градоначалникот, сите гости кои ќе го посетат фестивалот во петок, сабота и недела, на трите бесплатни влеза во градот, покрај насоките за паркирање, ќе добијат и симболично изненадување – пакетче со бело и црно грозје, соопштија од градоначалничкиот кабинет.
Притоа истакнаа дека традиционално, на оваа стопанско – културна манифестација, се очекуваат илјадници гости од земјава и странство, објави МИА.







