Агенцијата за кредитен рејтинг Фич ја намали оценката на Франција, само неколку дена откако земјата назначи нов премиер.
Агенцијата како основа за намалување на оценката на Франција од АА- на А+ ја наведе „зголемената фрагментација и поларизација на домашната политика“, објави Политико. Перспективата за раст (враќање на стариот рејтинг) е стабилна, објави Фич Рејтингс.
„Од предвремените парламентарни избори во средината на 2024 година, Франција имаше три различни влади. Оваа нестабилност ја ослабува способноста на политичкиот систем да спроведе значајна фискална консолидација и ја прави малку веројатна дека главниот фискален дефицит ќе се намали на 3 проценти од БДП до 2029 година, како што е целта на владата во заминување“, се вели во соопштението на агенцијата Фич.
Намалувањето на оценката доаѓа во време кога Франција поминува низ политичка криза и се бори да го намали својот огромен јавен долг, пренесува Б92.
Фото Економија и бизнис






