Објавен телефонскиот број за пријавување злоупотреба на службени возила

Од денеска на телефонскиот број 070/399 – 050 или на prijavizloupotreba@sozr.gov.mk, граѓаните можат да пријавуваат незаконска, партиска или приватна употреба на службените возила.

– Исполнуваме уште една ветена мерка за одговорно управување со државниот имот. Од денеска на 070 399 050 или prijavizloupotreba@sozr.gov.mk граѓаните можат да пријавуваат незаконита, партиска или приватна употреба на службените возила. Сите пријави ќе се проследуваат до надлежните органи за понатамошно постапување, напиша директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски во објава на Фејсбук.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано