Спортското риболовни друштво „Трофта” (Пастрмка) организира, крап куп меморијален турнир во знак на почит на прерано починатиот познат спортски риболовец Бјонди Граждани.
– Овој турнир не е само натпревар, туку е дружба, убава можност за споделување моменти на пријателство, сеќавање и почит кон нашиот Бјонди, со зајакнување на врските помеѓу учесниците и нашата риболовна заедница, рече за МИА, Бели Халити, претседател на друштвото.
Пријавени за учество се 20 екипи, збирно место е градската плажа, турнирот почнува утре во 10 часот а завршува на 12 октомври во 14 часот.
– Правилата на натпреварот се улови и пушти, се прифаќаат само риби крап и амур, тимовите ги сочинуваат по тројца риболовци со право до 6 трски не подолги од 4 метри. Дозволено е само 1 трска 1 јадица и хранење со семиња, пелети, боила, PVA, spomb, катапулт, ракета и лопата. Забранета е методата фидер. Натпреварот ќе го следи професионален судија од риболовната федерација на Македонија, посочи Халити.
Фото: СРД “Трофта”-Дебар







