Бројот на туристите во август 2025 година изнесува 226 179 кои оствариле 846 221 ноќевања. Бројот на туристите во август годинава во однос на август 2024 година е намален за 2,8 отсто, кај домашните туристи има намалување за 4,0 отсто (108 483 туристи), а кај странските намалувањето е за 1,6 отсто (117 896 туристи), објави денеска Државниот завод за статистика.
Во август годинава има и намалување на бројот на ноќевањата за 7,2 отсто во однос на август 2024 година. Во август биле остварени 846.221 ноќевања. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во август е 621 025 (намалување од 8,3 отсто) , а странските гости оствариле 225 176 ноќевања или за 3,9 отсто во одноа на август 2024 година.
Во месец август 2025 година 48,0 % се домашни туристи, а 52,0 % се странски туристи.
Бројот на ноќевањата во август 2025 година изнесува 846 221, од кои 73,4 % се од домашните туристи, а 26,6 % од странските туристи.
Во периодот јануари – август 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 6,8 %, односно кај домашните туристи има намалување за 1,4 %, а кај странските има зголемување за 11,6 %.
Во периодот јануари – август 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 1,0 % така што кај домашните туристи има намалување за 4,0 %, а кај странските има зголемување за 8,1 %.
Главни поенти
Земји од кои дошле најмногу странски туристи во август 2025 година:
- 49 093 од Турција
- 10 309 од Србија
- 5 202 од Романија
- 5 075 од Холандија
Фото Економија и бизнис






