Саудиска Арабија започна со изградба на Мукаб, колосална структура во облик на коцка во Ријад, која ќе стане најголемата зграда во светот. Зградата ќе биде висока приближно 400 метри и широка 370 метри, формирајќи масивна коцка со површина од над 2 милиони квадратни метри. Нејзината големина е без преседан, не само по висина, туку и по волумен, што ја прави најголемата затворена структура досега.
Мукаб е дизајниран да функционира како „градски центар во кутија“, со станбени единици, хотели, малопродажни простори, културни места и импресивни дигитални средини. Замислен е како футуристички урбан центар, кој ги комбинира архитектурата, технологијата и забавата во еден вертикален град. Се проценува дека проектот ќе чини 50 милијарди американски долари, а изградбата започна кон крајот на 2024 година, пренесува Блиц.
Фото Економија и бизнис







