Германската индустрија повторно се соочува со криза поради тесни грла во синџирите на снабдување со чипови, објави економскиот институт ИФО.
Во октомври, 10,4 проценти од производителите во областа на електрониката и оптиката пријавиле недостиг, додека во април тој број изнесувал 3,6 проценти.
„Контролите и ограничувањата на трговијата со ретки метали почнуваат да имаат последици. Доколку овој тренд продолжи и се влоши, тоа ќе влијае и на економскиот раст, рече Клаус Волрабе од ИФО.
Недостаток на чипови пријавиле и 10 проценти од производителите на електрична опрема, а во германската индустрија воопшто тој удел е 5,5 проценти. Тоа е приближно просекот за периодот пред пандемијата, изјави Волрабе.
Автомобилската индустрија, која е во центарот на загриженоста за можен недостиг на чипови, пренесува Сеебиз.
Фото Економија и бизнис






