Од коалицијата ВРЕДИ денеска објавуваат соопштение дека минималната плата ќе се зголеми за околу 2.000 денари во март 2026 година, достигнувајќи 26.400 денари нето.
– Ова зголемување е најсилниот доказ дека владата на ВРЕДИ не познава чекање, одложувања и изговори. Нашите ветувања се претвораат во одлуки, а одлуките се претвораат во опипливи придобивки за граѓаните, информираат од ВРЕДИ со што го истакнуваат залагањето на министерот за економија Бесар Дурмиши.
Фото Економија и бизнис






