Објавен повик за аплицирање за наградите „Предводници на одржливиот развој“

Клубот на одговорни бизниси на Конект во партнерство со Министерството за економија и труд на Република Северна Македонија објави повик за аплицирање за наградите „Предводници на одржливиот развој“, кои имаат за цел да ги истакнат најдобрите практики и иновации на компаниите во Северна Македонија. Наградите се национално признание за најдобрите практики и иновации коишто прават значајни чекори кон одржлив развој создавајќи подобро општество и ги истакнуваат и одликуваат компаниите кои преку конкретни иницијативи и проекти прават значајни чекори кон одржлив развој, општествена одговорност, ESG и позитивна трансформација на заедницата.

Награди се доделуваат во 8 категории:

  • – Награда за климатска акција и зачувување на природата
  • – Награда Партнерства за одржлив развој
  • – Награда Бизнис и човекови права
  • – Награда Добри соседи
  • – Награда за благосостојба на вработените
  • – Награда за придонес кон квалитетното образование и искоренување на сиромаштијата
  • – Награда за одговорен производ или услуга
  • – Повелба Горан Лазаревски за заслуги кон одржливиот развој

Сите детали за процесот на аплицирање, формулари за аплицирање, како и дополнителни информации за повикот се достапни на веб страната на Конект на <<македонски>> и <<албански>> јазик.

Рок за аплицирање:

  • – Апликации за наградите се примаат најдоцна до 28 ноември 2025 година.
  • – Учеството е бесплатно, а една компанија може да аплицира во повеќе категории.

Повеќе од истиот автор

Најчитано