Денеска во винарската визба „Тиквеш“ во Кавадарци се одржа годинашново издание на Фестивалот на младо вино, кој е меѓу најпрестижните настани во регионот, посветени на виното и винската култура. Денешната манифестација, има посебна симболика и значење по повод одбележување тредиција започната пред 140 години. На настанот присуствуваа голем број пријатели, соработници и партнери на „Тиквеш“ од земјава, целиот регион и пошироко, со што придонесоа во градењето на автентичната винска култура.
„Македонија е земја на виното“ , изјави претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски, во своето поздравно обраќање пред присутните на годинешниот фествал. Тој искажа благодарност до сите соработници и партнери, лозарите, купувачите, добавувачите, институциите, локалната заедница, кои се учесници во градењето на успешната винска приказна во Македонија, регионот и пошироко.
Празникот на виното беше одбележан со настапите со реномираните музички ѕвезди во Македонија: Каролина Гочева, Владо Јаневски, Андријана Јаневска, Лидија Кочовска и Тамара Тодевска.
Завршницата на настанот беше отстапена на Кирил Џајковски, македонски музичар и композитор. Водител на манифестацијата беше Игор Џамбазов, кој заедно со Андријана Јаневска ја изведоа песната „Ми заплакало селото Ваташа“.
Фото Економија и бизнис






