Во 2026 година, Северна Македонија ќе биде исправена пред троен предизвик
Во 2026 година, Северна Македонија ќе биде исправена пред троен предизвик: првиот ќе биде консолидација на ефикасна, транспарентна јавна администрација, заснована на заслуги и ориентирана кон услуги за граѓаните, особено благодарение на дигитализацијата. Вториот предизвик ќе биде јакнењето на владеењето на правото: независното и ефикасно правосудство не е само барање на граѓаните туку и фундаментален услов за борба против корупцијата, за враќање на довербата во институциите и за привлекување инвестиции. Третиот предизвик е реализацијата на регионалните поврзувања во делот на транспортот (коридорите 8 и 10), енергетиката и дигиталната сфера, со цел географската положба на земјава да се претвори во вистинска конкурентска предност. За надминување на овие предизвици, соработката со европските партнери, вклучително и Франција, може да одигра движечка улога преку обезбедување експертиза, финансии и конкретни проекти. Франција ќе продолжи да ѝ дава целосна поддршка на Северна Македонија на нејзиниот европски пат. Успешното спроведување на компромисот од 2022 година би овозможило одлучувачко забрзување на приближувањето кон Европската Унија.







