Жичницата на Водно не работи поради засилен ветер

Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница утрово информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.

Според ЈСП; јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно.

-Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците, наведува ЈСП.

Повеќе од истиот автор

Најчитано