ВО ЕУ ПОЛОВИНА ОД ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА ДОАЃА ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ

Минатата година, обновливите извори на енергија учествуваа со 47,5 проценти во бруто потрошувачката на електрична енергија во Европската Унија, што е зголемување од 2,1 процент во споредба со 2023 година, објави денес Евростат.

Уделот на обновливите извори е речиси тројно зголемен во споредба со 2004 година, кога изнесуваше само 15,9 проценти.

Најголемиот дел од електричната енергија од обновливи извори минатата година доаѓаше од ветер 38 проценти и хидроенергија 26,4 проценти, што заедно сочинуваат речиси две третини од вкупната потрошувачка.

Сончевата енергија учествуваше со 23,4 проценти, додека цврстите биогорива и другите обновливи извори учествуваа со 5,8 проценти и 6,4 проценти, соодветно.

Како што е наведено, сончевата енергија доживува експлозивен раст, бидејќи во 2008 година нејзиното учество во вкупната потрошувачка беше само еден процент и 7,4 терават-часови (TWh), додека минатата година скокна на дури 304 TWh.

Најголем удел во потрошувачката на електрична енергија од обновливи извори е забележан во Австрија 90,1 процент, Шведска 88,1 процент и Данска 79,7 проценти, каде што доминираат хидроенергијата и енергијата на ветерот.

Удел од над 50 проценти е забележан и во Португалија, Шпанија, Хрватска, Латвија, Финска, Германија, Грција и Холандија.

Спротивно на тоа, најмал удел на обновливи извори во потрошувачката на електрична енергија е забележан во Малта од 10,7 проценти, во Чешка од 17,9 проценти и во Луксембург од 20,5 проценти.

Унгарија, Кипар и Словачка исто така имале удел под 25 проценти, пренесува Политика.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано