Од март нова авиолинија Охрид – Братислава

Воведувањето на новата авиолинија Охрид – Братислава и подобрувањето на македонско-словачките економски и трговски односи беа тема на денешната средба помеѓу заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, и амбасадорката на Словачка, Ивета Хрицова.

Како што соопшттија од Министерството за транспорт, линијата Охрид – Братислава, која се воспоставува од март оваа година преку авиокомпанијата „Визер“, ќе придонесе за подобра поврзаност меѓу двете земји, а во функција на развој на туризмот и бизнис-секторот, потврдија двајцата соговорници.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано