ЕСМ Снабдување со топлина информира дека поради лоцирање на дефект на дистрибутивната мрежа во моментов има прекин во испораката на топлинска енергија кај потрошувачите од Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда.
– Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина се на терен со цел точно лоцирање на дефектот и изолирање со цел воспоставување на нормална испорака на топлинска енергија, се наведува во информацијата објавена на веб-страницата.
За дополнителни информации, потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075 400 100.
Нормализирана е испораката на топлинска енергија за најголем дел од потрошувачите во Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда, по денешниот прекин поради дефект лоциран на бул. „Крсте Мисирков“, соопшти попладнево ЕСМ снабдување со топлина.
-Екипите на ЕСМ Дистрибуција се на терен и работат на отстранување на дефектот, се вели во информацијата објавена на веб страницата на ЕСМ снабдување.
Дефектот предизвикал прекин на испорака на топлинска енергија кај потрошувачите:
Григор Прличев бр.3 – Институт за национална историја и ОЈО за организиран криминал
Григор Прличев бр.5 – Институт за македонска литература
Гоце Делчев ББ и бр.4 – Основен суд 1 и Основен суд 2
Гоце Делчев бр.5 – Кривичен суд
Гоце Делчев бр.18 – МРТВ
Димитар Влахов ББ – МКЦ
Крсте Мисирков ББ – Апелационен суд
Крсте Мисирков ББ – Факултети и Ректорат
Крсте Мисирков бр.2 – МАНУ
Крсте Мисирков бр.7А, 7Б, 9, 11, 13, 15, 17
Филип II Македонски бр.22
Ул.191 бр.14Б
Битпазарска ББ – Национална галерија Чифте амам
Дрварска бр.20
Евлија Челебија ББ – Музеј на Македонија и Национален конзерваторски центар
Маракие Фрчковски бр.8 – Црква Св.Спас
Покриена Чаршија бр.66 – Факултет за ликовна уметност
Прохор Пчински бр.30 – ОУ Јане Сандански
Петре Георгиев бр.22 – ОУ Конгреси и манастирит.
-За дополнителни информации, потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075 400 100, се вели во информацијата од ЕСМ снабдување.
Фото Економија и бизнис







