Градиме работна сила за одржливиот сектор за управување со отпад во Северна Македонија

Програмата за развој на вештини поддржана од ЕБОР и ЕУ ја надополнува инвестицијата за изградба на санитарни депонии во неколку региони

Северна Македонија прави решителен чекор кон изградба на модерен, инклузивен и усогласен систем за управување со отпад во согласност со стандардите на ЕУ. ЕБОР организираше настан со  националните и меѓународните партнери во Скопје, за да  ја обликува агендата за новите вештини и работна сила за секторот.

Работилница која беше одржана со претставници на високо ниво, под работен наслов „Патеки до вештините и инклузијата во секторот за отпад“, ја постави основата за воведување на конкретни мерки,  каде  локалните заедници ќе ги стекнат  потребните вештини за управување со напредна и модерна инфраструктура за отпад и за отворање  можности за зелени вработување.

Работилницата е дел од програмата финансирана од Европската Унија,  поврзана со Регионалниот проект за цврст отпад финансиран од ЕБОР, кој ја поддржува изградбата на санитарни депонии согласно стандардите на  ЕУ, претоварни станици и набавка на нова опрема во регионите Пелагонија/Југо-Западен регион, Полог и Вардар/Југо-Источен регион.

Целта на програмата е да помогне во создавање обуки на работното место, можности за учење преку работа и инклузивни патеки за вработување за локалното население, особено за невработените млади, жени и ромската заедница. Програмата исто така има за цел да ја зајакне соработката меѓу јавните институции, регионалните компании за управување со отпад, приватните оператори и давателите на стручно образование и обука.

Мухамед Хоџа, Министер за екологија и просторно планирање, ја потврди посветеноста на Владата во реформата на цврстиот отпад, истакнувајќи: ,,Многу е важно  што Регионалниот систем за управување со отпад веќе не е само идеја на хатија. Ние веќе градиме инфраструктура, што е основа на овој систем. Затоа, 2026 е годината на реална промена. Ова значи крај на импровизациите. Нашето партнерство со ЕБОР и Европската Унија не е формалност, туку алатка за решавање на реални, децениски проблеми. Управувањето со отпад денес не е само еколошка тема – туку  економска можност, прашање на достоинствена работа и социјална правда“.

Штефен Худолин, Раководител на Секторот за соработка при Делегацијата на ЕУ, изјави: „Зелениот Договор повеќе не е амбиција, туку целосно интегриран концепт во сите реформи, програми и проекти поддржани од ЕУ. Ова се гледаа и директно преку поддршката на ЕУ за системите за управување со цврст отпад. Со над 74 милиони евра во грантови, го олеснуваме воспоставувањето на регионалниот систем за управување со отпад во северо-источниот и источниот дел од земјата, а соработуваме со ЕБОР за да ја поддржиме трансформацијата и во другите делови на земјата. Преку поддршката што ја обезбедуваме во овој сектор, во развој, се фокусираме и на зголемена едукација и вештини, со што директно придонесуваме за надминување на бариерите за вработување на младите, жените и ранливите групи, што придонесува за затворање на јазот што постои на пазарот.“

Фатих Туркменоглу, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија, изјави: ,,ЕБОР обезбедува финансирање до 55 милиони евра за Регионалниот проект за цврст отпад – трансформативна еколошка инвестиција, која ќе им служи на повеќе од еден милион граѓани. Овој проект ќе ги затвори несанитарните депонии и ќе воведе модерни капацитети, но неговиот долгорочен успех подеднакво зависи и од инвестициите во луѓето. Зајакнувањето на техничките и на менаџерските вештини е клучно за градење модерен сектор за отпад кој е усогласен со стандардите на ЕУ, како и за отворање нови зелени можности за вработување.“

По работилницата, ЕБОР и партнерите ќе го финализираат планот на инклузивните патеки за вработување и ќе ги идентификуваат пилот образовните програми, во тесна соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, надлежните образовни институции, општините, приватните и јавните оператори и институциите за обука.

Повеќе од истиот автор

Најчитано