НБА лигата објави денеска дека овогодишното издание на Ол-стар викендот го гледале 46 милиони луѓе, што е најмногу од 2011 година и речиси три пати повеќе од ланската сезона.
НБА објави дека 46 милиони луѓе во САД го гледале Ол-стар викендот на платформите на Ен-Би-Си и ЕСПН.
На турнирот што се одржа во Инглвуд настапија три екипи USA Stars и USA Stripes, како и Team World, составен од меѓународни ѕвезди, кои кратки, 12-минутни натпревари.
Во финалето, тимот на USA Stars го победи USA Stripes со 47-21, а кошаркарот на Минесота, Ентони Едвардс, беше прогласен за најкорисен играч (МВП).
Домаќин на НБА Ол-стар викендот следната година ќе биде Феникс.
извор МИА






