Преполовен прометот на Македонската берза минатата недела

берза

Неделен извештај за периодот 16.02.2026 – 20.02.2026г.

Минатата недела, во периодот од 16.02.2026 – 20.02.2026 година на Македонската берза на хартии од вредност на официјалниот и на редовниот пазар беше остварен вкупен промет од 64 милиони денари или околу 1,04 милиони евра. Ова претставува намалување од 51,6 % отсто во однос на претходната недела.

46,9 % (30 милиони денари) од овој промет беше реализиран преку акциите на Комерцијална банка АД Скопје. Втори најтргувани акции беа акциите на Алкалоид со 14,3 милиони денари или околу 232,5 илјади евра (22,3 % од вкупниот промет). Потоа следуваа акциите на НЛБ Банка АД Скопје со 8,32 милиони денари или околу 135,3 илјади евра (12,9 % од вкупниот промет). Во топ 5 акции според прометот изминатата недела беа уште и акции на Македонски Телеком Скопје со 2,7 милиони денари или околу 45,4 илјади евра и акциите на Стопанска банка Скопје со промет од 1,88 милиони денари или 30,7 илјади евра.

Истовремено беше реализирана и една блок трансакции со која се оствари промет од 8,12 милиони денари или околу 132 илјади евра, пришто што се истргуваа 286 акциите на Комерцијална банка.

Прометот на официјалниот и на редовниот пазар беше остварен со 316 трансакции со кои се истргуваа вкупно 9 798 акции и 22 304 обврзници.

Повеќе од истиот автор

Најчитано