Владата на Велика Британија не ја исклучува можноста за воведување возвратни тарифи кон Соединетите Американски Држави, откако американскиот претседател Доналд Трамп воведе тарифи од 15 проценти на глобално ниво, објавија денес Даунинг стрит 10.
Сепак, британската влада изрази надеж дека Вашингтон ќе го почитува претходно договорениот „преференцијален договор“ со Лондон.
Како што изјави портпаролот на британската влада, пристапот на таа земја кон САД отсекогаш бил прагматичен и „разговорите се водат на сите нивоа“.
„На индустријата не ѝ е потребна трговска војна каде што двете страни постојано ја ескалираат ситуацијата и затоа нашиот фокус е на конструктивно ангажирање со нашите американски колеги за да се одржи конкурентската предност на Велика Британија“, рече портпаролот.
По одлуката на судот, Трамп најави воведување глобална царинска тарифа од 10 проценти, која потоа ја зголеми на 15 проценти, што предизвика неизвесност кај американските трговски партнери и дополнителни економски турбуленции, пренесува Блиц.
Фото Економија и бизнис






