„ОВА Е ЗЛАТНО ВРЕМЕ  НА АМЕРИКА“, изјави Трамп во неговиот најдолг говор пред Конгресот

Американскиот претседател Доналд Трамп, во своето обраќање за состојбата на нацијата, најдолго во американската историја, во вторникот ги пофали своите економски достигнувања што им донесоа на САД „златно време“.

Трамп зборуваше пред Конгресот во рекорден говор од еден  час и 47 минути, со што го надмина демократот Бил Клинтон кој зборуваше еден час и 20 минути во 2000 година, пишува агенцијата Франс Прес.

„Нашата нација се врати – поголема, подобра, побогата и посилна од кога било досега“, започна американскиот претседател.

 „Ова е златното време  на Америка“, продолжи републиканецот со говор во кој ги пофали она што го сметаше за достигнувања на неговата влада, од рекордни берзански индекси и ниски цени на горивата до спречување на влегување на фентанил на територијата на САД.

Тој продолжи велејќи дека сите Американци напредуваат.

„За четири долги години, претходната администрација обезбеди помалку од еден трилион долари нови инвестиции во Соединетите Држави. И кога велам помалку, мислам значително помалку. За 12 месеци, ми се обезбедени обврски за повеќе од 18 трилиони долари што доаѓаат од целиот свет. Помислете на тоа – многу помалку од еден трилион за четири години наспроти многу повеќе од 18 трилиони за една година. Каква разлика прави еден претседател. До неодамна бевме мртва земја. Сега сме најбараната земја во светот. Најбараната. Додека се основаат илјадници нови компании и се градат фабрики, погони и лаборатории, за многу краток период отворивме 70.000 нови работни места во градежништвото. Сè е поголемо и посилно. Никој не може да верува што гледа“, изјави Трамп, пренесува Н1.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано