Со новите филтри, Audi поставува нови стандарди во светски рамки во премиум сегментот на возила. Почнувајќи од следниот месец, револуционерните филтри ќе се вградуваат во системот за климатизација на сериските модели на Audi A1, A3, Q3 и TT, додека новиот Audi Q2 ќе биде опремен со вакви филтри при неговото. Постојните клиенти кои веќе возат некој од наведените модели ќе можат да ги надградат своите системи за климатизација при редовните сервиси на возилата.
Филтрите се достапни во две варијанти, при што секоја е составена од три слоја кои функционираат различно и независно. Она што ги прави специфични новите филтри е новиот надворешен слој кој има антиалергиски ефект. Едната варијанта на филтерот ги намалува ефектите на алергените со помош на растителни деривати, биоактивни супстанции наречени полифеноли, кои се врзуваат за рецепторите на алергените. Другата варијанта користи модификација на структурата на протеини за да се постигне посакуваното влијание. Независните тестови спроведени од специјализирани институции кои ги испитуваат алергиските својства, ја потврдија високата ефикасност на новите филтри на Audi.







