Економската клима во Германија е непроменета

Расположението во германската економија во мај е непроменето и показателот за економската клима, што го пресметува минхенскиот институт Ифо, останува на 89,3 бода.

Подобрување на економското расположение има во производниот сектор, трговијата и градежништвото, но има значително влошување во услужниот сектор.

Компаниите од производниот сектор се задоволни од сегашната бизнис клима во Германија и имаат пооптимистички очекувања за наредните месеци. Очекувањата во трговијата се подобрени, а фирмите имаат пријавено дополнителни набавки, посебно во трговијата на големо.

Во мај се подобрило и расположението во градежништвото, но останува главниот проблем со недоволните набавки, пренесува Б92.

фото freepic


Повеќе од истиот автор

Најчитано