Во Црна Гора последните две недели се забележани повеќе случаи на користење на фалсификувани монети во апоени од две евра, кои се појавуваат во автоперални, во продавници, но и во јавниот превоз. За 15 дена беа откриени околу 200 лажни банкноти, па затоа меѓу трговците се шири веста да не се прифаќаат монетите од две евра.
Во Централната банка на Црна Гора велат дека сите банкноти и монети во евра се законско средство за плаќање и нивното отфрлање се смета за неприфатливо. Дадени се упатства за препознавање, но трговците велат дека е тешко да се разликуваат лажни од вистински банкноти.
Директорот на фирмата за локален линиски транспорт, Слобо Мандиќ информираше дека во последните 15 дена имале околу 200 парчиња лажни евра, но откако медиумите ја започнаа приказната, бројот се намалил.
Централната банка ги негира тврдењата дека дала какви било упатства, препораки или предлози до превозниците или други правни лица во врска со суспендирањето на приемот на монети во апоен од 2 евра.
„Сите банкноти и монети од евра се легални средства за плаќање во Црна Гора, а нивното одбивање се смета за неприфатлив и нелегален чин“, наведуваат тие.
На веб-страницата на Централната банка детално е опишано како да се препознае фалсификат. Видливи знаци се релјеф, димензии, боја, сјај.
Во 2024 година се откриени фалсификати со вредност од над 111.000 евра, најчесто во апоени од 2 евра, пренесува РТЦГ.
фото freepic







